Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Две нови имиња на македонската драматургија

Две нови имиња на македонската драматургија

Picture

Во рамките на Македонскиот Театарски Фестивал “Војдан Чернодрински” во Прилеп, вчера, на 10 Јуни, Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Јордан Плевнеш ги промовираше драмите на студентката на додипломски студии Василка Аврамовска и магистрантката Маре Ристеска.
Драмата на Василка Аврамовска со наслов “Осаменост” е посветена на животот и сите контраверзи на едно од најголемите европски филозофски имиња Фридрих Ниче, а драмата на Маре Ристеска “Фортуна”, напишана според истоимениот расказ на Живко Чинго, на брилијантен начин го внесува Охрид на мапата на медитеранската комедија.