Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

4Д – МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДИГИТАЛНИТЕ МЕДИУМИ  И ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје, на 14, 15 и 16 јуни 2019 година, во просториите на универзитетот и Кинотека на Македонија, ќе се одржи екслузивна меѓународна конференција посветена на дигиталните медиуми и високото образование, под наслов: „4Д – Дигитално општество, дигитална безбедност, дигитални медиуми, дигитална иднина“.
Главен гостин на конференцијата е еден од најголемите експерти за дигитално општество на глобален план, Ерол Саутерс, претседател на меѓународната програма “CREATE”, од Универзитетот на Јужна Калифорнија од Лос Анѓелес. Покрај него учесници на конференцијата се: Фабрис Далмеида од Сорбона, Париз, Диого Лусена од Универзитетот од Лисабон, како и голем број други експерти од универзитетите од Љубљана, Белград, Травник, Приштина итн.
Конференцијата ќе започне на 14 јуни, во 19:30 часот, во салата на Кинотека на Македонија, каде што во чест на гостите ќе биде прикажан филмот „Манаки, приказна во слики“ од Роберт Јанкулоски, кој минатата недела беше прогласен за најдобар документарен филм на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз.
Вториот ден ќе започне со прогласување за Doctor Honoris Causa на Ив Гијмо, основачот и претседател на една од најголемите светски компании за видео игри, Ubisoft, а потоа ќе следуваат петнаесеттина излагања на станските и домашните учесници.
Конференцијата е отворена за присуство за сите заинтересирани професионалци од ИТ секторот и дигиталните медиуми.