Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

УНИКАТНА МОЖНОСТ ЗА ДОБИВАЊЕ СТИПЕНДИЈА НА НАШИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

По повод 9ти мај, денот на Европа, Интернационалниот Универзитет ,,Еуропа Прима‘‘ распишува награден конкурс. На конкурсот можат да учествуваат сите средношколци од четврта година кои се заинтересирани да студираат на првиот приватен Универзитет за Аудиовизуелни Уметности Есра, сега со новото име Интернационален Универзитет Еуропа Прима на катедрите за дефицитарните аудиовизуелни професии.

Универзитетот и Европската асоцијација на професори од средните училишта ќе доделат 5 награди во ваучери за школарина, и 10 за сите ексклузивни катедри.

За најдобрите кандидати Универзитетот ќе додели:

5 стипендии по 2000 евра
10 стипендии по 1000 евра
Впишете се и Вие во историјата на нашиот факултет заедно со светските легенди од областа на фотографијата, филмот, музиката и театарот.

Пријавете се на конкурсот кој е тесно поврзан со историјата на европската кинематографија, музика и театар.

Покрај наградите АЛФА ТВ ќе обезбеди учество во продукција на различни емисии, репортажи и документарни филмови во студиата на ТВ алфа и Универзитетот Еуропа Прима за уште 30 дополнителни учесници на конкурсот.

За пријавување кликнете на линкот и пополнете ја пријавата.

Избраните идни стипендирани студенти ќе бидат прогласени на 6ти јули 2020г. на отворањето на фестивалот „Актерот на Европа“.

Запишете се креативно!