Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Работилница – Виртуелната Реалност VR во  филмови и видео игри

Во рамките на соработката со Меѓународниот фестивал на филмска монтажа „Синематик“, во петок 15.12. 2017, со почеток во 13:30 часот на Универзитетот за аудуиовизуелни уметности  ќе се одржи работилница на тема виртуелна реалност и медимуми.
На работилницата ќе се зборува за влијанието на Виртуелната Реалност VR во областа на раскажување приказни во сите медиуми, со посебен акцент на филмови и видео игри. Ќе се разгледуваат некои успешни примери и ќе се разговара за тоа каде влијанието на оваа технологија е најголемо икако да се искористи најдобро овој нов начин на доживување на приказни и содржини. Ова е воведна сесија, погодна за луѓето што доаѓаат од оваа област, како и за сите кои се заинтересирани да го прошират своето разбирање за разгранетоста и можната иднина во оваа област.
Работилницата ќе ја води Петар Котевски – ветеран за развој на видео игри, со долгогодишно искуство од над 15 години во game development. Работел во светски познати студија, како што се Crytek, Microsoft и Bungie. Работел како програмер, дизајнер и креативен директор на игри како Far Cry (PC), 50Cent: Bulletproof (XBOX/PS2), Halo 3 (XBOX360), Halo 3: ODST (XBOX360), Halo Reach (XBOX360), Destiny (PS4/XBOXONE и конечно на авантуристичката игра Sonder (PC). Тој е основач и developer на KAMAi Media, првото студио за development на видео игри ААА во Македонија и во регионот.