Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Потпишан меморандум за соработка со СТП

Со особена чест, и веруваме задоволство на пошироката јавност, сакаме да соопштиме дека Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА и СТП КАПИТАЛ ПАРТНЕРС ХОЛДИНГС Скопје, компанијата која ќе го гради Технолошкиот парк Скопје (СТП) заедно со филмските студија на Џон Малкович, денес потпишаa Меморандум за меѓусебна соработка. Аудиовизуелните и сценските уметности, низ призмата на современите дигитални технологии, кои се предмет на изучување на ИУ ЕУРОПА ПРИМА, со овој меморандум ќе добијат меѓународна афирмација преку партнерства со светски реномирани универзитети, во рамките на Едукативниот центар на СТП.
Академскиот центар, заедно со останатите содржини на СТП, ќе започне со реализација веднаш по доделувањето на статус на стратешка инвестиција за овој проект од страна на Владата, кој што се очекува во најскоро време.
Со оглед на тоа што овој проект ќе биде од огромно значење, не само за Македонија, туку и за целиот регион, многу млади кои се едуцираат во овие домени, со нетрпение го очекуваат почетокот на изградбата на СТП, која предвидува вработуваање на над 800 кадри, кои и сега како и во минатите години биле принудени да ги бараат своите ангажмани во Европа и пошироко.