Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТОТ „МЕДИТЕРАН“ ОД ПОДГОРИЦА, ЦРНА ГОРА

Picture

Денес, во Подгорица, свечено беше потпишан договор за соработка помеѓу Универзитетот „Медитеран“ од Подгорица и Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија – Скопје. Договорот го потпишаа ректорот на УАУ ЕФТА – Скопје, Амбасадорот Јордан Плевнеш, и ректорот на Универзитетот „Медитеран“, Проф. Д-р Ненад Вуковиќ.
Со овој документ се предвидува соработката помеѓу двете институции во областите на развивање на заеднички истражувачки активности, заедничка работа во стручни и научни проекти, размена на студенти и наставен кадар, развој на заедички додипломски и постдипломски студиски програми, професионални и академски средби. Исто така двете институции ќе учествуваат во заеднички промотивни проекти, продукциски проекти, проекти за развој и професионализација, организирање хуманитарни настани и проекти за развивање и промоција на општествената одговорност.
Со ова „Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија – Скопје“  уште повеќе ја проширува успешна својата интернационална на соработката, во која веќе се вбојуваат престижни универзитети од Франција, Германија, Русија, Холандија итн.
Исто така ректорите на двата унуверзитети изразија подотвеност европските стандарди на високото обрзование да ги презентираат и на филмските фестивали кои ги организира УАУ ЕФТА – Скопје, во Париз – „SEE а Paris“ (www.seeaparis.com / www.see-ff.net), Берлин – „SEEFF a Berlin“(www.seeff.de), а од оваа година и во Нингбо, Кина – „CEE in Ningbo“.