Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Награда за студентката Ема Лазарова на фестивалот „Чкаљини дани“ во Крушевац

Меѓународниот фестивал „Чкаљини дани“ во чест на актерот Милодраг Петрович Чкаља, кој се одржува во Крушевац, Р. Србија и е наменет за студентски претстави, оваа година се одржа по трет пат во периодот од 23 до 31 март. На фестивалот учествуваа претстави од осум различни факултети од четири земји.

Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима имаше чест да биде дел од овоj фестивал по втор пат, учествувајќи со испитната претстава „Три сестри по Чехов“, во изведба на студентите по актерска игра од четврта година, Јована Миладинова, Ема Лазарова, Луна Мичевиќ, Стеван Арсиќ и Кристијан Петковски, во класата на ред. професор Роберт Вељановски и асистентката Теа Беговска. Претставата беше изведена на 26 март.

Посебен успех оствари студентката Ема Лазарова, која доби „Специјална пофалба за глумачко остварување“. Свеченото доделување на наградите се одржа на 4 април во Крушевац.