Награда за најдобар млад актер на фестивалот ФИАТ во Подгорица за Бранко Михајлоски
Наградата за најдобар млад актер на неодамна одржаниот Фестивал на Интернационалниот Алтернативен Театар – ФИАТ во Подгорица, му е доделена на Бранко Михајлоски, дипломиран актер на Универзитетот Еуропа Прима, за улогата во претставата „Теорема“ на театарот „Златен Елец“, во режија на Мирко Радоњиќ.
Образложение на жирито: „Со извонредни актерски постапки доловува дека односот помеѓу луѓето и половите е недефиниран. Преку пазолинското толкување и бесполовоста отвора простор за размислување за човекот, неговото тело, идентитетот и границите на слободата. Совршено ја донесе улогата на личност која може да биде сè во сите општества и во сите промени на човечкиот род.“
Share: