
Министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски го прими Претседателот на ИУ Еуропа Прима, Јордан Плевнеш
На 18 јули, Министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски во Владата на Република Македонија го прими Претседателот на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Јордан Плевнеш, со кого имаше плодотворен разговор за вклучувањето на академските кадри од универзитетот во областа на дигиталните и аудиовизуелните студии во подготовките за Самитот на земјите од Западен Балкан, на 1 и 2 октомври во Скопје.
Со оглед на дведецинското искуство на ИУ Еуропа Прима во глобалните студии за дигитализација и соработката со врвни институции од Европа и САД, Министерот Андоновски ја поддржа доследната активност на универзитетот со Фестивалот на Југоисточна Европа Париз-Берлин-Вашингтон во обединувањето и европеизацијата на Балканот.
Share: