Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Миле Петковски избран за Проректор за настава

Picture

На последната седница на Наставно-научниот совет на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија, професорот Миле Петковски е избран за Проректор за настава.
Како што е познато Универзитетот за аудиовизуелни уметности, со своите три факултети и два институти, веќе е дел на европскиот систем на високо-образовни институции од овој тип, поврзан со перманентни договори со ЕСРА Париз, Фолкфанг од Есен, Германија и Танцовата Академија од Ротердам, а неодамна Универзитетот склучи договори за соработка и со Универзитетите во Белград и Љубљана.
Професорот Петковски, кој е дел од основачкиот тим на Универзитетот, припаѓа кон познатото семејство Петковски, кое го основа првото тонско кино во Охрид. Неговиот татко Војне Петковски е еден од основачите на Кинотеката на Македонија. По долгогодишното искуство на Миле Петковски во Македонската Радио Телевизија и бројните реализирани филмски и телевизиски проекти, од кои може да се издвојат филмовите “Среќна нова 49та”, “Ин континуо” и “Стапица”, тој е избран за Доцент и Шеф на катедрата за монтажа на Универзитетот за аудиовизуелни уметности. Во неговата класа до сега дипломираа три класи на студенти, кои што се активно вклучени во повеќе проекти, медиуми и продукциски куќи. Носител е на повеќе национални и меѓународни признанија, а тој е и еден од основачите на Лабораторијата за реставрација и заштита на аудиовизуелното наследство при Универзитетот за аудиовизуелните уметности.