Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Меѓународна работилница по фотографија „Идентитет“

Од 3 до 9 декември во Скопје се одржува вториот дел од фотографскиот проект на тема Идентитет (IDENTITY) на кој што учествуваат по осум студенти од Факултетот за применета уметност од Дортмунд, Германија, Академија Нова од Белград, Србија и од катедрата по фотографија при Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА од Скопје. Поделени во групи од по три студенти, од секој град по еден фотографираат на зададената тема. Третиот и последен дел од работилницата ќе се одржи во февруари во Дортмунд каде што ќе се организира изложба од избрани фотографии. Работилниците се одржуваат под менторство на професорите: Јорг Винд, Дирк Гебхарт, Ина Јасмин Косац, Милан Алексиќ, Весна Мичуновиќ и Роберт Јанкулоски. Презентациите се одржуваат секој ден во просторот на Јавна соба во Скопје.