Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН УСПЕХ НА МЛАДИОТ СИНЕАСТ ИЛИЈА ЦВЕТКОВСКИ

Во екот на прославата на десетгодишнината на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје, веќе неколку месеци македонската филмска јавност е сведок на неверојатниот успех на младиот македонски синеаст, дипломиран филмски режисер на нашиот универзитет Илија Цветковски, со неговиот документарен филм „Avec l’amour “. Филмот беше високо вреднуван на реномираните фестивали „Хот Докс“ во Торонто, на фестивалот за документарен филм во Минхен, и овие дена е во официјална конкуренција на Сараевскиот филмски фестивал. На 19 август во Куршумли Ан, во Скопје токму со филмот на Цветковски ќе биде свечено отворен годинешниот „Маке Докс“.
Со оглед на досегашната традиција на нашиот универзитет и поголем број на меѓународни признанија што наши студенти ги освоиле на различни фестивали, за играни, кратки, документарни и анимирани филмови, оваа година, непосредно пред првиот академски час, нашиот универзитет ќе организира специјална проекција на филмот на Цветковски, за кого дури и големиот Спилберг изјави дека е најдобриот документарец што го видел последниве години и дека заслужува да добие Оскар. По проекцијата Илија Цветковски ќе се одржи Отворена трибина и работилница, во која новите кандидати за запишување на нашиот универзитет ќе можат низ успехот на Цветковски да го трасираат патот до својот уметнички и професионален сон.
Нашиот универзитет нуди додипломски и постдипломски студии на 15 професии во сите области на аудиовизуелните и сценските уметности.

Конкурсот е отворен, запишете се креативно!