„Conspiracy“ од Скопје е победник на 59. „Гитаријада“ во Заечар
Метал бендот „Conspiracy“ од Скопје, каде што како соло гитарист членува нашиот студент Адриан Петров, е победник на 59. „Гитаријада“ во Заечар, Србија. Бендот беше прогласен за најдобар состав од стручното жири на еден од најстарите рок фестивали во регионот.
Инаку, минатата година тие го издадоа албумот „Заговор“ и активно настапува низ Балканот. По турнејата, на 31 октомври 2025 година го одржаа и нивниот самостоен концерт во МКЦ, со гости од Sanatorium и со поддршка од Последен Удар и Стефан Петановски.
Оваа година, по гласовите од публиката, добија можност да настапат на Wacken Metal Battle во Загреб, каде што освоија 2. место. Овој настап им помогна да стигнат до уште поголема публика и да продолжат со активностите надвор од Македонија.
Сега, тие извојуваа победа на 59. Гитаријада во Зајечар.