Студенти на Еуропа Прима учествуваа на работилница за анимација и танц на НАТФИЗ во Софија
Студенти од студиските програми Актерска игра и Анимација на Интернационалниот Универзитет ЕУРОПА ПРИМА, во периодот од 20 до 24 октомври 2026 година, учествуваа во Erasmus+ BIP мобилност (Blended Intensive Programme – Комбинирана интензивна програма), организирана од Националната академија за филм и театар (НАТФИЗ) во Софија, на тема „Анимација и танцови уметности – ДВИЖЕЊА НА ТЕЛА“ (трансдисциплинарна работилница за анимација и перформанс).
Share: