Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

DOCTOR HONORIS CAUSA – САМУЕЛ ВУЕРСТЕН

Doctor Honoris Causa претставува почесно признание што го доделува Универзитет Еуропа Прима на истакнати личности од областа на науката, уметноста, културата и јавниот живот. Се доделува на поединци кои со својата работа и општествен ангажман придонеле за развојот на општеството и промоција на универзалните вредности, како израз на почит за нивниот исклучителен придонес.

Во 2016 година признанието му е доделено на Самуел Вуерстен.

Самуел Вуерстен е истакнат швајцарски танчер, кореограф и педагог со богата меѓународна кариера. Делува како уметнички и генерален директор на Holland Dance Festival, извршен директор на Codarts University во Ротердам и уметнички директор на танцовата програма на Zurich University of the Arts.

Активен е и како член на жири и консултант, а со години бил вклучен во значајни танцови платформи како Steps International Dance Festival и Prix de Lausanne. Од 2013 година е куратор на фестивалот CONTEXT. Образованието го стекнал во Швајцарија и Холандија, а денес живее и работи на меѓународната танцова сцена.