Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Видеотехнологија

Видеотехнологија

Денешната аудиовизуелна уметност не може да се замисли без активно учество на современата технологија. Без разлика дали станува збор за филмско или театарско аудиовизуелно дело, примената на новите технологии значително влијае и го подобрува неговиот визуелен карактер. Тргнувајќи од овој факт, технолошката писменост или познавањето на технологијата е безусловен маркер кој нуди успех во театарската и во филмската работа. Запознавањето и учењето на основните принципи на коишто се заснова видеотехнологијата, ќе овозможи подобро имплементирање на аудиовизуелните уреди во современите аудиовизуелни дела. Оттука следи и учењето на можностите кои се нудат со видеотехнологијата, а пак тоа ќе ги разбуди и ќе ги поттикне новите идеи кај авторите и кај режисерите. Знаејќи го потенцијалот на новите аудиовизуелни уреди, можеме да констатираме дека речиси секоја наша визија може навистина реално да се прикаже преку електронската слика. Многу мал број автори, за жал, денеска се осмелуваат да ги применат технологиите кои се нудат, особено од видео областа, со цел да ги облагородат своите аудиовизуелни дела. Оваа констатација, како и искуството кое го стекнав низ последните две децении во областа на театарската, филмската и телевизиската уметност ме мотивираа да го реализирам ова издание, за да биде фундамент за видеотехнологијата во уметноста. Согледувајќи ја комплексноста на оваа тема од инженерски аспект, се обидов во ова издание да ги презентирам основните постулати во видеотехнологијата од еден прифатлив аспект, достапен за секое едукативно ниво. Целта на книгата не е само да биде учебник за студентите по филмските и театарските уметности, туку и прирачник за сите оние кои сакаат и имаат потреба да ја разберат видеотехнологијата.  Со помош на цртежи, слики и примери, опишани се карактеристиките на видеосигналите, просторот на боите како и видеокомпресиите, кои денеска претставуваат столб во развојот на електронската слика во видео уметноста. 

Видеопрезентација на книгата:

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПУБЛИКАЦИЈАТА

  • Автор: М-р Милчо Узунов
  • Издавачка куќа: Интернационален Универзитет Еуропа Прима
  • ИСБН: 978-608-45558-26-1
  • Година на издавање: 2020
  • Број на страни: 231
  • Димензии: 175/240
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски