Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Театарот како режија на светот

Театарот како режија на светот

Книгата ,,Театарот како режија на светот” од проф.д-р Христо Петрески е поделена на три дела: Agon, Aparte i Ad Spectatores. Книгата содржи вкупно 50 текстови.

Покрај огледи и студии за театарската уметност, во овој стручен и научен труд објавени се и театарски рецензии, размислувања и согледувања за театарот во Македонија, на Балканот, во Европа и во светот.

Помеѓу другото, авторот пишува и за: уметноста/умешноста на режијата, карневалите и карневализацијата, ритуалниот театар, за ангажираноста и актуелноста, за еден нов театар, за граѓанската драма, уличниот театар и слично.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПУБЛИКАЦИЈАТА

  • Автор: Христо Петрески
  • Издавачка куќа: Универзитет за Аудиовисуелни Уметности „ЕФТА“ – Скопје
  • ИСБН: 978-608-4555-19-3
  • Година на издавање: 2019
  • Број на страни: 206
  • Димензии: 176/250
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски