
Зоран Пејковски
Вонреден професор
Вонреден професор
Зоран Пејковски (Битола) е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е доктор на науки по Културолошки студии на Инситутот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, и професор од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје. Неговиот творечки опус е голем. Така што, тој е автор на дваесет и пет (25) драмски дела, на шест (6) сценско-драмски рецитали, на дваесет и две (22) збирки песни, на седум (7) поеми, еден (1) поетски и духовен еп (или вкупно 30 поетски книги), еден (1) роман, еден (1) препев, четири (4) научно-истражувачки книги од театрологијата, три (3) публицистички книги, една (1) научна книга од медијавистиката, една (1) научна книга од филозофијата, историската и класичната теолошка мисла до современите теолошки и филозофски согледувања, или вкупно 72 книжевно – уметнички дела, и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби. Неговите книжевни дела се преведени и препеани на повеќе странски јазици, англиски, француски, романски, полски, украински, бугарски, српски, хрватски, црногорски, грчки, итн. Работи и како драматург во Народниот театар од Охрид, а во 2024 е назначен за директор на македонскиот Културно-информативен центар во Софија, Р. Бугарија.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/France) се стекнува со титулата Почесен амбасадор на мирот, во 2017 г, се стекнува со титулата редовен академик на Чувашката народна академија, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија.
Пејковски е автор што театарот не го доживува како простор за површна сценска забава, туку како место на духовно преиспитување, како етичка лабораторија на човековата свест и како возвишен храм на културата. Неговата драматургија не е насочена кон ефектот, туку кон суштината; не кон спектаклот, туку кон вистината; не кон минливото, туку кон трајното и историски значајното.
Од 2014 година интензивно се посветува на историско-документарната драмска форма, создавајќи дела од најтешкиот и највозвишениот облик на драматургијата – драмата во стих и драмскиот ораториум. Со ова тој не само што ја обновува македонската драмска традиција, туку создава нова драмска естетика во современиот македонски театар, внесувајќи висока поетичност, духовна длабочина и историска меморија.
Во неговите драмски ораториуми историјата не се појавува како документ, туку како жива рана на народот, како метафизичка судбина и како колективна духовна траума. Токму затоа неговата драматургија денес се препознава како еден од најсериозните и најдлабоките обиди за создавање национален драмски еп во современата македонска култура.
За својот исклучителен книжевен, драмски, научен и културен придонес, проф. д-р Зоран Пејковски е добитник на голем број домашни и меѓународни награди, признанија, медали, плакети и титули.
Меѓу најзначајните домашни награди и признанија се: наградата „За серија информации во популаризација на книгата“ од Културно-просветната заедница на Македонија (1992), „Празник на липите“ на Друштвото на писателите на Македонија (2012 и 2020), „Медијала“ за збирката песни „Сега знам“ (2014), „4-ти Ноември“ на Општина Битола за драмскиот текст „Сите наши кодоши“ и збирката „Сега знам“ (2014), „Јован Котевски“ за „Златна прашина“ (2016), „ЕРГО СУМ“ за афирмација на театарскиот израз (2016), „Прозни мајстори“ за романот „Градот на Јужното Море“ (2016), „Св. Климент Охридски“ за придонес во литературата и културата (2016), престижната награда „Григор Прличев“ за поемата „Македонски Стар и Нов Завет“ (2017), признанието за најдобар автор претставен пред велешката публика (2017), наградата „Орфеј“ за збирката „Здивот на смртта“ (2018), наградата „Книжевен круг за поезија“ за „Востаничка правда“ (2019), престижната награда на Друштвото на писателите на Македонија, „Ванчо Николески“ за пиесата „Мали детски разговори“ (2020), „Кристална коцка“ по повод 60 години од Македонското научно друштво – Битола (2020), наградата „Антев златник“ за „Остров во окото“, признанието за афирмација на ликот и делото на Ацо Шопов (2022), највисокото поетско признание на Друштвото на писателите на Македонија, „Ацо Шопов“ за книгата „Убавите жени“ (2023), Големата повелба „Балканот – Срцето на Европа 2023“, наградата „Роднокраен автор за 2023 година за ДРАМА“ (2024), наградата за „Најдобар драмски текст“ на Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа“ за драмскиот ораториум „Ваташа“ (2024), наградата „ЕРГО СУМ 2024“ за театарска критика и драма, наградата „ГОЦЕВА МИСЛА“ за презентација на македонската литература во странство (2025), наградата „Роднокраен автор за 2024 година за ПОЕЗИЈА“ (2025), ПЛАКЕТАТА од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола за исклучителен научен, културен и дипломатски придонес во афирмацијата на македонската културна и духовна самобитност (2025), Плакетата од Музеј-Галерија Кавадарци по повод 50 години од институцијата (2026), како и највисокото признание „Животно дело на роднокраен автор од Битола“ (2026).
На меѓународен план, проф. д-р Зоран Пејковски е добитник на титулата Почесен амбасадор на мирот од Швајцарија и Франција (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/ France (2016), меѓународната книжевна награда „Петар Канавелиќ“ (Хрватска), меѓународната книжевна награда „Klemensa Janickiego“ (Полска), европскиот медал за поезија и уметност „Хомер“, Грамота и Медал од Украинскиот фонд за култура, Грамота – Награда за литературна критика и посебен придонес во светската литература од Сојузот на писателите на Украина, златниот медал „Почесна видзнака“, светската книжевна награда „Naji Naaman Merit Prize 2022 (Lebanon)“, меѓународната книжевна награда „Горан Бујиќ“ (2024), потоа престижната Плакета и Статуетка „Зоран Радмиловиќ“ за придонес во културата на балканските народи и развојот на културната соработка на Балканот (2026), а во рамките на 15-от јубилеен Меѓународен франкофонски фестивал „Солеј“, во Созопол, Бугарија, Организациониот одбор на фестивалот му ја додели Големата награда за особени заслуги и придонес (2026).
Во времето на духовна фрагментација и културна релативизација, делото на проф. д-р Зоран Пејковски се издигнува како редок пример на творечка истрајност, духовна дисциплина и културна мисија. Неговото име денес не претставува само биографски податок во македонската литература, туку духовен знак на едно време, естетски код на една култура и историско сведоштво за силата на македонскиот творечки дух.
Со своето монументално творештво, со својата драмска визија, со својата поетска чувствителност, со својата научна мисла и со својата културна мисија, проф. д-р Зоран Пејковски денес се вбројува меѓу ретките творци што оставиле длабок и траен печат врз духовната и естетската вертикала на современата македонска култура – автор чие дело претставува трајна национална, европска и цивилизациска вредност.