Милчо Узунов
Доцент
„Технолошките достигнувања, особено во аудиовизуелните сфери, овозможија нов пристап кон визуелизацијата на човечката фантазија. Со запознавање и учење на нивните можности расте Вашата креативност, а со неа и вредноста на Ваште аудиовизуелни дела.“
Редовен професор на катедрата по филмски уметности
Предмети:
Милчо Узунов е роден 1974 година во Скопје. Средното образование го завршил во стручната гимназија за електротехника и електроника „Орце Николов“. Студирал на Електротехничкиот факултет во Скопје на катедрата за електроника и телекомуникации. Во областа на компјутерските технологии дипломирал и на Електротехничкиот факултет во Белград, „ВИСЕР“. Магистрирал на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА“ – Скопје. Во 1994 година, заедно со уште тројца свои соработници ја основа една од првите продукциски куќи во С. Македонија „3Д ПРОЕКТ СТУДИО“. Со свои инженерски и технолошки решенија учесвувал во создавањето на многу електронски медиуми, како и во унапредување на значајните културни установи низ државата. Во 2007-та година прв пат применил multilayer проекција во Античкиот театар во Охрид со 12 проекциони површини и 5 синхронизирани леери на проектот „СОЛАРИС“. Член е и на тимот основачи на првото македонско научно списание „ЕМИТЕР“ за популаризација и примена на науката и техниката, а дел од неговата активна работа во полето на видеотехнологијата може да се прочита и во списанието за аудиовизуелни уметности „ЛИНК“, при Универзитетот ЕФТА – Скопје. Во рамките на универзитетот објавил две книги „Основи на сценската проекција“-2018 и „Видеотехнологија“-2020.
Образование
ЕТФ – УКИМ
Електроника и Телекомуникации
ВИСЕР – Белград
Компјутерски технологии