Институтот за аудиовизуелни студии и дигитална заштита при Универзитет Еуропа Прима претставува научно-културна платформа посветена на промоцијата, истражувањето и афирмацијата на аудиовизуелните студии и дигитална заштита. Институтот делува како простор за размена на идеи, уметнички практики и научни согледувања, поврзувајќи уметници,
истражувачи, културни работници и институции.
Преку организација на конференции, симпозиуми, јавни трибини, културни
манифестации и доделување награди и признанија, институтот придонесува кон развојот на културниот дијалог и современите практики на национално и меѓународно ниво.
МИСИЈА
Мисијата на Институтот за аудиовизуелни студии и дигитална заштита е да придонесе кон развојот и афирмацијата на аудиовизуелните студии и дигитална заштита преку организирање научни и културни настани, симпозиуми, истражувачки проекти, активности за дигитализација и заштита на аудиовизуелното наследство, поттикнување на професионален дијалог и создавање платформа за соработка меѓу уметниците, научниците и културните институции.
ВИЗИЈА
Визијата на институтот е да се развие во препознатлив регионален центар за културна и научна размена во областа на аудиовизуелните студии и дигитална заштита, кој активно ќе придонесува за промоција на истражувачки проекти и активности за дигитализација и заштита на аудиовизуелното творештво, критичката мисла и примена на современите технологии.
ЦЕЛИ
- организирање конференции, симпозиуми и научни собири
- иницирање активности за дигитализација, заштита и архивирање на аудиовизуелното творештво
- доделување награди и признанија за достигнувања во аудиовизуелните студии и дигитална заштита
- промоција на современи технологии во аудиовизуелното творештво, дигитализацијата, архивирањето и заштитата
- поттикнување културен дијалог и интердисциплинарна соработка
- развој на меѓународна културна и институционална соработка
ВРЕДНОСТИ
- креативност и истражувачка слобода
- отвореност и културен дијалог
- професионализам и интегритет
- почитување на културното наследство
- соработка и интердисциплинарност
- поддршка на истражувачката извонредност