PROFESSOR HONORIS CAUSA – ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ
Professor Honoris Causa претставува почесно признание што се доделува на истакнати личности од областа на науката, уметноста, културата и јавниот живот. Се доделува на поединци кои со својата работа и општествен ангажман придонеле за развојот на општеството и промоција на универзалните вредности, како израз на почит за нивниот исклучителен придонес.
Во 2022 година ова признание му е доделено на Драган Бјелогрлиќ.
Драган Бјелогрлиќ е еден од најголемите српски актери, режисери и продуценти. Покрај успешната актерска кариера која трае 40 години, во последните две децении тој се посвети и на продукција и режија на филмови и ТВ емисии, со што стана еден од најпознатите и најуспешните кинематографски творци во целиот регион. Како актер, оствари преку 90 улоги во филмови и ТВ серии.
Режирал три филма кои донеле 2.500.000 гледачи во кината, што го прави најуспешен режисер на Балканот во последните десет години.