КРИСТИНЕ Д,АЛТХАУЗЕР, амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија „EIN GUTER ABGANG ZIERT DIE ÜBUNG“
Поздравна реч на отворањето на Симпозиумот одржана на 31март во свечената сала на занаетчискиот дом во Куманово
Чест ми е и задоволство што присуствувам на отворањето на проектот „Европската драма и театар во Македонија од 1945 до денес“ на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕФТТА Скопје-Париз-Есен-Ротердам, под мотото „Светот во Македонија – Македонија во светот“.
Денес го отвораме научниот симпозиум за германската драма, како дел од поширок циклус од околу 30 симпозиуми посветени на различни земји. Во време кога сè почесто се нагласуваат разликите – и во Македонија, и во Европа – важно е да се потсетиме дека човекот е социјално битие и дека заедничките точки се поважни од поделбите. Театарот е универзален простор каде тие се изразуваат.
Фасцинантно е колку различни идиоми ги обликуваат „даските што живот значат“. Како што вели Оскар Вајлд, сцената е место каде се сретнуваат уметноста и животот, а глумата понекогаш делува пореалистично од самиот живот.
Се надевам дека симпозиумот ќе овозможи плодна размена меѓу културите, откривање на заедничките вредности и градење мостови на разбирање. Разноликоста е богатство, а не слабост.
Посебен поздрав упатувам до професор Брајан Мајклс за неговиот придонес во проектот „Европа мојот идентитет“, како и за неговото учество на фестивалите „Охридско лето“ и „Актерот на Европа“. Благодарност и до сите научници за нивниот придонес.
Како што вели Фридрих Шилер, „Крајот го краси делото“. Ви посакувам многу успех и се радувам на резултатите. Благодарам!