DOCTOR HONORIS CAUSA – ШАРЛ АЗНАВУР
Doctor Honoris Causa претставува почесно признание што го доделува Универзитет Еуропа Прима на истакнати личности од областа на науката, уметноста, културата и јавниот живот. Се доделува на поединци кои со својата работа и општествен ангажман придонеле за развојот на општеството и промоција на универзалните вредности, како израз на почит за нивниот исклучителен придонес.
Во 2009 година, ова признание му е доделено на Шарл Азнавур.
Шарл Азнавур (1924) е француско-ерменски пејач, текстописец, актер и дипломат, еден од најпознатите и најдолговечни музички уметници во светот. Познат по својот препознатлив тенорски глас, има компонирано околу илјада песни на повеќе јазици и продал над 100 милиони носачи на звук. Настапувал ширум светот, вклучувајќи и пред државници и на хуманитарни настани, а е и ко-основач на организацијата „Aznavour for Armenia“. Во 1998 година бил прогласен за „Забавувач на векот“, а во 2009 година станал амбасадор на Ерменија во Швајцарија и претставник во Обединетите нации во Женева.