Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

DOCTOR HONORIS CAUSA – МИКИ МАНОЈЛОВИЌ

Doctor Honoris Causa претставува почесно признание што го доделува Универзитет Еуропа Прима на истакнати личности од областа на науката, уметноста, културата и јавниот живот. Се доделува на поединци кои со својата работа и општествен ангажман придонеле за развојот на општеството и промоција на универзалните вредности, како израз на почит за нивниот исклучителен придонес.

Во 2011 година, ова признание му е доделено на Предраг „Мики“ Манојловиќ.

Предраг „Мики“ Манојловиќ (1950) е српски актер, еден од најзначајните претставници на југословенската и европската кинематографија. Потекнува од актерско семејство и кариерата ја започнува во 1970 година, стекнувајќи популарност со бројни филмови и ТВ-серии, меѓу кои култната „Грлом у јагоде“. Светска афирмација добива со филмовите на Емир Кустурица „Татко ми е на службен пат“ и „Подземје“, а настапува и во бројни меѓународни продукции. Познат по својата актерска разновидност, успешно толкува и драмски и комични улоги. Во 2009 година е именуван за претседател на Српскиот филмски центар.