Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

DOCTOR HONORIS CAUSA – КУДСИ ЕРГУНЕР

Doctor Honoris Causa претставува почесно признание што го доделува Универзитет Еуропа Прима на истакнати личности од областа на науката, уметноста, културата и јавниот живот. Се доделува на поединци кои со својата работа и општествен ангажман придонеле за развојот на општеството и промоција на универзалните вредности, како израз на почит за нивниот исклучителен придонес.
Во 2018  година признанието му е доделено на Кудси Ергунер.

Кудси Ергунер (роден 1952 во Дијарбакир) е турски музичар и еден од најистакнатите изведувачи на традиционалната мевлевиска суфиска музика и неј-флејта. Кариерата ја започнал во Истанбулското радио, а подоцна се посветил на истражување и интерпретација на османлиската музичка традиција.

Во 1970-тите се преселил во Париз, каде основал институт посветен на суфиската музика и развил меѓународна уметничка кариера. Соработувал со бројни светски уметници како Питер Брук и Питер Габриел. Во 2016 година бил именуван за „Уметник за мир“ од UNESCO.