DOCTOR HONORIS CAUSA – ЈИРЖИ МЕНЦЕЛ
Doctor Honoris Causa претставува почесно признание што го доделува Универзитет Еуропа Прима на истакнати личности од областа на науката, уметноста, културата и јавниот живот. Се доделува на поединци кои со својата работа и општествен ангажман придонеле за развојот на општеството и промоција на универзалните вредности, како израз на почит за нивниот исклучителен придонес.
Во 2009 година, ова признание му е доделено на Јиржи Менцел.
Јиржи Менцел (1938) е чешки филмски и театарски режисер, актер и сценарист, познат по филмовите што комбинираат хуманизам, сарказам и суптилна провокација, често базирани на дела од чешки автори како Бохумил Храбал. Светска слава стекнал со филмот „Строго контролирани возови“ (1967), добитник на Оскар за најдобар странски филм. Неговиот филм „Чучулиги на жица“ (1969) бил забранет од комунистичкиот режим и прикажан дури во 1990 година, кога ја освоил „Златната мечка“ во Берлин. Повторно бил номиниран за Оскар со „Моето слатко мало село“ (1986), а во 1987 година бил член на жирито на Берлинскиот филмски фестивал.