Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Abdulah Sidran

DOCTOR HONORIS CAUSA – АБДУЛАХ СИДРАН

Doctor Honoris Causa претставува почесно признание што го доделува Универзитет Еуропа Прима на истакнати личности од областа на науката, уметноста, културата и јавниот живот. Се доделува на поединци кои со својата работа и општествен ангажман придонеле за развојот на општеството и промоција на универзалните вредности, како израз на почит за нивниот исклучителен придонес.

Во 2011 година, ова признание му е доделено на Абдулах Сидран.

Абдулах Сидран (1944) е босански писател, поет и сценарист, познат по своите драми и филмски сценарија. Автор е на значајни дела како „Кост и месо“, „Сараевски ковчег“ и „Зошто тоне Венеција“, како и на бројни поетски збирки. Неговите сценарија за филмови како „Се сеќаваш ли на Доли Бел?“ и „Татко ми е на службен пат“ (режија: Емир Кустурица), како и „Совршен круг“, му носат меѓународно признание. Неговото творештво се одликува со спој на трагика, медитативност и суптилна иронија. Живеел најголем дел од животот во Сараево, а подоцна се преселил во близина на Горажде.