Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Врачена наградата Еуропа Прима 2022 на Драган Бјелогрлиќ, која му беше доделена во јуни, на Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа што се одржа во Париз

Легендарна личност во српската и балканската кинематографија, Драган Бјелогрлиќ, на 5 Октомври гостуваше на првиот академски час организиран на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима -Скопје од Институтот за аудиовизуелни студии и дигитална заштита со едниствена академска програма во регионот, којашто ги опфаќа сите професии од аудиовизуелната дејност.

На Бјелогрлик му биде врачена високата награда Еуропа Прима 2022 , која му беше доделена во јуни, на Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа што се одржа во Париз, Берлин и Вашингтон, во организација на универзитетот, во соработка со INALCO Paris-Cite- Sorbonne, Универзитетот Хумболт во Берлин и Американскиот универзитет од Вашингтон. За време на доделувањето на наградите на сите три фестивали ексклузивно беше прикажан неговиот филм „Тома“ кој постигна рекорден број гледачи.

Академската свеченост се одржа во Кинотеката на Македонија.