Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Работна средба за подготовките на Самитот на земјите од Западен Балкан

На 18 јули, Министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски во Владата на Република Македонија го прими Претседателот на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Јордан Плевнеш, со кого имаше плодотворен разговор за вклучувањето на академските кадри од универзитетот од Институт за аудиовизуелни студии и дигитална заштита во областа на дигиталните и аудиовизуелните студии во подготовките за Самитот на земјите од Западен Балкан, на 1 и 2 октомври во Скопје.

Со оглед на дведецинското искуство на ИУ Еуропа Прима во глобалните студии за дигитализација и соработката со врвни институции од Европа и САД, Министерот Андоновски ја поддржа доследната активност на универзитетот со Фестивалот на Југоисточна Европа Париз-Берлин-Вашингтон во обединувањето и европеизацијата на Балканот.