Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Работна средба помеѓу претставници на Институтот аудиовизуелни студии и дигитална заштита и СТП КАПИТАЛ ПАРТНЕРС ХОЛДИНГС Скопје, компанијата која ќе го гради Технолошкиот парк Скопје

Во организација на Институтот аудиовизуелни студии и дигитална заштита при Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА се организира работна средба со раководителите на СТП КАПИТАЛ ПАРТНЕРС ХОЛДИНГС  Скопје, компанијата која ќе го гради   Технолошкиот   парк   Скопје   (СТП),   при   што   се   согледуваат   можностите   за изготвување на Меморандум за меѓусебна соработка. Аудиовизуелните и сценските уметности, низ призмата на современите дигитални технологии,   кои се предмет на изучување   на   ИУ   ЕУРОПА   ПРИМА,   со   овој   меморандум   ќе   добијат   меѓународна афирмација преку партнерства со светски реномирани универзитети, во рамките на Едукативниот центар на СТП.

Академскиот центар, заедно со останатите содржини на СТП, се планира да започне со реализација веднаш по доделувањето на статус на стратешка инвестиција за овој проект од страна на Владата.

Со оглед на тоа што овој проект е од огромно значење, не само за Македонија, туку и за целиот регион, многу млади кои се едуцираат во овие домени, со нетрпение го очекуваат почетокот на изградбата на СТП, која предвидува вработуваање на над 800 кадри, кои и сега како и во минатите години биле принудени да ги бараат своите ангажмани во Европа и пошироко.

Специјална гостинка на настанот беше познатата пијанистка и директор на Арт-Линк од Белград Јованка Вишекруна, член на бордот на Stone Bridge Studios, музичките студиа на STP CPH, која воедно ја организираше и турнејата на Малкович низ регионот.

Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА, по отпочувањето со реализација на овој капитален проект, во плејадата на личности кои претставуваат легенди во светот на аудиовизуелните уметности, како што се Шарл Азнавур, Роберт Вилсон, Маноел Де Оливеира, Јиржи Мензел итн, ќе го прогласи и Џон Малкович за Doctor Honoris Casua, со организација на ретроспектива на неговите филмови.

Потпишувањето на мемеорандумот се одржа на 29.11.2022г.,со прогодна свеченост во кино  салата  на  Кинотека  на  РС  Македонија,  со  почеток  во  13:30  часот.  Пригодни поздравни говори одржаа потписниците, Иван Видаковиќ од СТП Капитал партнерс и Јордан Плевнеш од ИУ Еуропа Прима.