Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Меморандум за соработка помеѓу Институтот аудиовизуелни студии и дигитална заштита и Друштвото за истражување и развој Сефиданис ДООЕЛ Охрид

Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје, односно Институтот аудиовизуелни студии и дигитална заштита и Друштвото за истражување и развој Сефиданис ДООЕЛ Охрид, претставувано од проф. д-р Анис Сефиданоски, потпишаа Меморандум за соработка.

Целта на соработката беше воспоставување платформа за истражувачки, академски и образовни активности во областа на експоненцијалните технологии. Според договорот, двете институции ќе воспостават размена на искуства, организирање на практична настава за студенти, стипендиски програми, заеднички научно-истражувачки проекти, како и хуманитарни настани.

Договорен беше и редовен трансфер на образовни материјали, како брошури и литература, за користење од страна на наставниот и научниот кадар, како и студентите. Меѓу другите обврски, предвидено е и разменување на академски кадар, организирање семинари и конференции, и активно учество во европски образовни програми.

Меморандумот беше склучен за период од пет години, со можност за раскинување и ревизија според утврдените процедури.