Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

МАСТЕР-КЛАС НА ПРОФ. ПАСКАЛ ГАЛОА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЕУРОПА ПРИМА

Познатиот  француски  диригент,  којшто е  на  врвот на  европската  и  светската  музичка сцена, во организација на   Паскал Галоа – Директор на Конзерваториумот Моцарт во Париз, Институтот аудиовизуелни студии и дигитална заштита одржа мастер-клас  при Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, во кој ги сподели неговите искуства во соработката со врвните светски композитори, додека на 14 октомври, во Филхармонијата на Р.С. Македонија, под негова диригентска палка се одржа концертот „Музика за 18 музичари“ од Стив Рајх.

Како што е познато, соработката на Паскал Галоа со ИУ Еуропа Прима, започна уште минатата година, со меѓународниот оперски проект International Music Revolution, за кого музиката ја пишува познатиот македонски композитор од Лондон, Панде Шахов, а либретото го напиша Јордан Плевнеш.

Во програмата на овогодишното издание на Охридско лето беа изведени две арии од операта, кои предизвикаа голем интерес кај публиката.

Се предвидува светската премиера на операта International Music Revolution  да биде изведена на Охридско лето 2022, а премиерата во Франција е предвидена за есента наредната година, на фестивалот Les Musicales de Quiberon во Киберон, Бретања.