Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Кшиштоф Зануси – Почесен доктор на Универзитетот Еуропа Прима

За време на одржувањето на Филозофскиот филмски фестивал, во соработк а со Институт за аудиовизуелни студии и дигитална заштита, големото име на полската и светската кинематографија Кшиштоф Зануси беше прогласен за почесен доктор (Doctor Honoris Causa) на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима – Скопје. Претседателот на универзтетот Јордан Плевнеш, во својата пригодна беседа го истакна фактот дека кон плејадата на светски имиња во областа на филмската и театарската уметност, коко што се Маноел Де Оливеира, Клод Лелуш, Роберт Вилсон, Јиржи Менцел и други, вледува и бесмтрното дело на Кшиштоф Зануси, којшто со својот исклучитлен филмски и театарски опус се издигнува на врвот на европската и светската култура.

На академската церемонија организирана во негова чест, пред голем број на професори, студенти и почитувачи на неговото дело, свечено обраќање имаше реципиентот Кшиштоф Зануси,  којшто  направи  една  духовна  и  уметничка  хронологија  на  својата  творечка дејност, низ историски, политички и естетски трансферзали кои оставија неизбришливи траги, не само во Европа и САД, туку и во светски рамки.

Признанието Doctor Honoris Causa, што ИУ Еуропа Прима му го додели, 14-то по ред, бидејќи предходно тој ја има понесено истата титула на 13 други универзитети во Европа и светот.