Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

DOCTOR HONORIS CAUSA – ДИДИЕР ДЕШАМП

Doctor Honoris Causa претставува почесно признание што го доделува Универзитет Еуропа Прима на истакнати личности од областа на науката, уметноста, културата и јавниот живот. Се доделува на поединци кои со својата работа и општествен ангажман придонеле за развојот на општеството и промоција на универзалните вредности, како израз на почит за нивниот исклучителен придонес.
Во 2018 година признанието му е доделено на Дидиер Дешамп.

Дидиер Дешамп е истакната фигура на француската современа танцова сцена, со кариера како танчер, кореограф и културен администратор. По изведувачката фаза од својата кариера, извршувал водечки функции во значајни институции како Centre National de la Danse и Théâtre National de la Danse – Chaillot во Париз.

Посветен на промоција на современата кореографија, тој работи на приближување на танцот до пошироката публика. Во моментов е директор на Cannes – Côte d’Azur International Dance Festival, каде продолжува да ја развива и афирмира современата танцова уметност.