DOCTOR HONORIS CAUSA – ЖАН-КЛОД КАРИЕР
Doctor Honoris Causa претставува почесно признание што го доделува Универзитет Еуропа Прима на истакнати личности од областа на науката, уметноста, културата и јавниот живот. Се доделува на поединци кои со својата работа и општествен ангажман придонеле за развојот на општеството и промоција на универзалните вредности, како израз на почит за нивниот исклучителен придонес.
Во 2011 година, ова признание му е доделено на Жан-Клод Кариер.
Жан-Клод Кариер (1931) е француски сценарист, писател и актер, еден од најзначајните соработници на европската кинематографија. Соработувал со голем број истакнати режисери, особено со Луис Буњуел, со кого потпишал некои од највлијателните филмски сценарија во историјата на филмот. Автор е на сценарија за култни филмови како „Дневник на една собарка“, „Дискретниот шарм на буржоазијата“, „Тоа нејасно објект на желбата“ и „Цирaно де Бержерак“. Работел и со Питер Брук на сценска и филмска адаптација на „Махабхарата“, а има значаен придонес и во театарот и телевизијата.