Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

DOCTOR HONORIS CAUSA – БОРО ДРАШКОВИЌ

Doctor Honoris Causa претставува почесно признание што го доделува Универзитет Еуропа Прима на истакнати личности од областа на науката, уметноста, културата и јавниот живот. Се доделува на поединци кои со својата работа и општествен ангажман придонеле за развојот на општеството и промоција на универзалните вредности, како израз на почит за нивниот исклучителен придонес.

Во 2010 година, ова признание му е доделено на Боро Драшковиќ.

Боро Драшковиќ (1935) е српски режисер, драмски писател и сценарист, дипломиран на Академијата во Белград. Кариерата ја започнал како асистент на значајни полски режисери, по што го реализира својот прв филм „Хороскоп“ (1969). Работел на филм, телевизија и радио, создавајќи играни и документарни остварувања, а во театарот режирал дела од класичниот и современиот репертоар – од Есхил до Бекет, како и од домашни автори. Автор е и на повеќе книги за режија и актерска игра, со што остава значаен теоретски и уметнички придонес.