Прогласување на Крис Павловски за Doctor Honoris Causa
На 17 мај 2024 година, Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје, по иницијатива на Институтот за аудиовизуелни студии и дигитална заштита го прогласи Крис Павловски за почесен доктор (Doctor Honoris Causa) во областа на дигиталната комуникација.
Павловски е основач и извршен директор на платформата Rumble, и има над две децении искуство во онлајн маркетингот и дигиталните медиуми. Тој ја основал компанијата
Cosmic Development, која работи глобално со тимови во Европа и Северна Америка, а истовремено вложува и во развој на дигитални вредности и слобода на искажување.
Со ова признание, Универзитетот „Еуропа Прима“ ја награди неговата визија и остварувањата во дигиталната сфера, како и придонесот кој го има кон развојот на платформи за слободна размена на мисли и информации.