Џон Малкович прогласен за Doctor Honoris Causa на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје
Во 2023 година, Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје по иницијатива на Институтот за аудиовизуелни студии и дигитална заштита, го прогласи Џон Малкович за Doctor Honoris Causa. Овој чекор беше извршен како признание за неговиот извонреден придонес кон филмската уметност и глобалната културна сцена. Со ова признание, Универзитетот ја истакна уметничката визија на Малкович и неговата инспиративна кариера, која може да послужи како пример и мотивација за студентите во академската заедница.
Share: