Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

ПРЕДАВАЊЕ НА ПРОФЕСОРОТ ДАЛМЕИДА ОД СОРБОНА НА ТЕМА „ПРОПАГАНДА И МАНИПУЛАЦИЈА – НЕКОГАШ И СЕГА“

По   повод   десетгодишниот   јубилеј   на   Универзитетот   за   аудиовизуелни   уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје на 18 септември, во 11:30 часот,  во  орагнизација  на  Институтотот  за  аудиовизуелни  уметности  во  салата  на Кинотека на Македонија, професорот на Сорбона Фабрис Далмеида одржа инаугурално предавање со кое  го одбележи почетокот на академската година, на тема „Светската пропаганда и манипулација – Некогаш и Сега“.

Фабрис Далмеида е еден од најбрилијантните интелектуалци на европскиот и светскиот простор,  чиишто дела  „Историја  на  светската  пропаганда“,  „Медиумите  и глобализацијата“, „Историја на француските медиуми“, „Монденскиот живот за време на Нацизмот“, „Изворите на нечовечкото во модерната историја“, се објавени на повеќе светски јазици, а самиот тој е автор на исклучително храбри истражувања, кои постигнале голем успех на најгледаните телевизиски мрежи.

Покрај неговата универзитетска кариера, тој е долгогодишен директор на Институтот за историја на сегашноста и автор на бестселерот „Кратка историја на XXI век“. Носител е на бројни интернационални признанија, а непосредно пред неговото предавање, ректорот Јордан Плевнеш го прогласи за Почесен професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности.