ЈОН КАРАМИТРУ – АКТЕР НА ЕВРОПА 2016
Во амфитеатарот во Ресен, свечено беше отворено годинешниот 14-ти по ред
Интернационален театраски фестивал „Актерот на Европа“, а добитник на наградата „Актерот на Европа 2016“ е светски познатиот и признати актер и режисер од Романија – Јон Карамитру, Тој беше и министер за култура на Романија оду 1996 до 2000 година. За својата работа во воспоставувањето на британско-романските културни врски, Карамитру беше именуван Офицер на Редот на Британската Империја. Во 1997 година, Министерството за култура на Франција му ја додели титулата на Chevalier des Arts et des Lettres.
Јон Карамитру беше прогласен и за почесен доктор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје,. Свечената процесија на овој чин ја реализираше Институтотот за аудиовизуелни уметности апострофирајќи ги неговите улоги во повеќе од 30 филмови. Исто така, Јон Карамитру, заедно со македонскиет актери Ѓорѓи Јолевски, Владимир Талевски и Дејан Лилиќ одржа театарска работилница со студенти од Универзитетот за аудиовизуелни уметности на тема „Јас, Хамлет“.
Наградите „Клучевите на Преспа“, им беа доделени на истакнатите личности од научната и образовната сфера, академик Владо Матевски од Македонија и д-р Андраж Чарни од Словенија.
Во рамките на програмата на фестивалот беа прикажани шест претстави од Македонија, Црна Гора, Србија, Бугарија и Франција.
Во орагнизација на Институтот за сценски уметности и Институтотот за аудиовизуелни студии и дигитална заштита на Свечено отворање на фестивалот Актерот на Европа 2016“ со импресивен перформанс беше одначено прогласувањето на Јон Карамитру за Актер на Европа и Доктор Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје. Во таа пригода беше прикажан специјално подготвениот филм за Јон Карамитру.
Атрактивната уметничка изведба беше збогатена со беседа на Жорж Бани – професор на Сорбона и претседател на Интернационалната Асоцијација на театеарски критичари (AICT) и беседа на Јордан Плевнеш, основач на фестивалот по што следуваше врачувањето на наградите „Клучевите на Преспа 2016“ на Д-р Андраж Чарни од Словенија и на академик Владо Матевски – Македонија. Перформансот беше крунисан со настапот на тројца елитни актери на трите јазици на езерото: Мето Јовановски, Македонија Димитри Оргоцка, Албанија и Криса Јоаниду, Грција.