Image Alt

ИСТОРИЈАТ

Институтот за аудиовизуелни студии и дигитална заштита е основан во 2014 година во рамките на Универзитет Еуропа Прима како иницијатива насочена кон развој и афирмација на аудиовизуелните студии, дигитализацијата и заштитата на аудиовизуелното творештво.
Од своето формирање, институтот започнува со организација на научни и културни настани кои ги обединуваат уметниците, истражувачите, теоретичарите, културните работници и пошироката јавност. Во текот на своето делување, институтот реализира повеќе конференции, симпозиуми, јавни дебати и манифестации посветени на современите текови во
аудиовизуелните уметности и дигиталната заштита.
Преку овие активности, институтот постепено се развива во значајна платформа за размена на идеи, искуства и професионални практики, придонесувајќи кон збогатување на културниот и уметничкиот живот.
Во рамките на својата дејност, институтот организира и значајни настани и признанија со кои се оддава признание на истакнати личности од областа на аудиовизулените уметности, како и на поединци кои придонеле за развојот на аудиовизуелните студии и дигиталната заштита.