Image Alt

ЗА ИНСТИТУТОТ

Институтот за аудиовизуелни студии и дигитална заштита при Универзитет Еуропа Прима претставува научно-културна платформа посветена на промоцијата, истражувањето и афирмацијата на аудиовизуелните студии и дигитална заштита. Институтот делува како простор за размена на идеи, уметнички практики и научни согледувања, поврзувајќи уметници,
истражувачи, културни работници и институции.
Преку организација на конференции, симпозиуми, јавни трибини, културни
манифестации и доделување награди и признанија, институтот придонесува кон развојот на културниот дијалог и современите практики на национално и меѓународно ниво.

МИСИЈА

Мисијата на Институтот за аудиовизуелни студии и дигитална заштита е да придонесе кон развојот и афирмацијата на аудиовизуелните студии и дигитална заштита преку организирање научни и културни настани, симпозиуми, истражувачки проекти, активности за дигитализација и заштита на аудиовизуелното наследство, поттикнување на професионален дијалог и создавање платформа за соработка меѓу уметниците, научниците и културните институции.

 

ВИЗИЈА

Визијата на институтот е да се развие во препознатлив регионален центар за културна и научна размена во областа на аудиовизуелните студии и дигитална заштита, кој активно ќе придонесува за промоција на истражувачки проекти и активности за дигитализација и заштита на аудиовизуелното творештво, критичката мисла и примена на современите технологии.

 

ЦЕЛИ

  • организирање конференции, симпозиуми и научни собири
  • иницирање активности за дигитализација, заштита и архивирање на аудиовизуелното творештво
  • доделување награди и признанија за достигнувања во аудиовизуелните студии и дигитална заштита
  • промоција на современи технологии во аудиовизуелното творештво, дигитализацијата, архивирањето и заштитата
  • поттикнување културен дијалог и интердисциплинарна соработка
  • развој на меѓународна културна и институционална соработка

ВРЕДНОСТИ

  • креативност и истражувачка слобода
  • отвореност и културен дијалог
  • професионализам и интегритет
  • почитување на културното наследство
  • соработка и интердисциплинарност
  • поддршка на истражувачката извонредност

Креативноста е околу тебе…
ЗГРАБИ ЈА!